Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Oдбележан Меѓународниот ден на жените и девојките во науката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Foto3

Со поддршка на општина Чаир и во организација на Мрежата на Жените во науката, денеска беше одбележан Меѓународниот ден на жените и девојките во науката - 11 февруари.

— реклама —

Во своето излагање, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу истакна дека зајакнувањето на улогата на жената, особено во науката, е иднината на државата. Тој додаде дека учеството на жените во науката треба да се гледа како достигнување и неопходност за целото општество.

„Жените се главниот столб на семејството, тие се мајки, сопруги, сестри, зошто да не бидат и главниот столб на државата во областа на науката, научното истражување, научните откритија, бидејќи жената е всушност раката што го движи човештвото. Нема да одам предалеку за да давам примери, ќе застанам кај нашата прекрасна општина Чаир од каде што доаѓаат многу успешни жени и девојки од различни гранки на медицината, информатиката, општествените науки каде што има стотици професорки кои денес се пример за сите. Каде што има 11 едукативни и образовни институции, додека 7 од нив ги водат докажани жени со многу силен багаж. Причината поради која нагласувам кој ги води овие институции е дека од тука потекнуваат научниците на нашата иднина“, рече Ганиу.

— реклама —

Тој нагласи дека ако на детето од првите чекори му се даде пример како треба да биде положбата на жената во општеството, дека жената не треба да се занимава само со домашните работи, туку дека може да биде научник, претседател, пратеник, професор, директор, адвокат, лекар, геодет или архитект, тоа општество никогаш нема да пропадне.

Инаку, на денешната Манифестација по повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката учествуваше и првата дама на државата Елизабета Ѓоргиевска, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, како и многу жени и девојки кои се занимаваат со наука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања