Адвокатот Гоце Ристевски, во своите завршни зборови во случајот „Организатори на 27-ми април”, рече дека не може да сфати како обвинителството кое располага со неколку изјави на овој сведок не може да ја воочи контрадикторноста од исказ до исказ.
„Во првичниот исказ сведокот Нинџа, воопшто не го споменува Спиро Ристовски. Со ваквото обвинение јас сум свесен дека јавниот обвинител го проготал овој детаљ во сведочењето на овој дискредитивен сведок по сите основи, но сум убеден дека вие како право-раздаватели нема да дозволите вакви циркузи да поминуват при утврдување на решителните факти“, рече Ристовски.
„Обвинителството во обвинителниот акт и воведните зборови обвинуваше дека ние на почетокот на 2017-та година по неуспешните преговори за формирање на Влада сме изготвиле план со намера да го загрозиме уставниот поредок и безбедност на Република Македонија, а во однос на тој план, дејствието кое сум го преземал е непосредно и секојдневно, сум ги контактирал и координирал градскиот комитет и Месните комитети на партијата како и организаторите на протестите“, потсети Спиро Ристовски на денешните завршни зборови за т.н. организирање на случувањата на 27-ми април.
Адвокатот Гоце Ристевски, во своите завршни зборови во случајот „Организатори на 27-ми април”, рече дека не може да сфати како обвинителството кое располага со неколку изјави на овој сведок не може да ја воочи контрадикторноста од исказ до исказ.
„Во првичниот исказ сведокот Нинџа, воопшто не го споменува Спиро Ристовски. Со ваквото обвинение јас сум свесен дека јавниот обвинител го проготал овој детаљ во сведочењето на овој дискредитивен сведок по сите основи, но сум убеден дека вие како право-раздаватели нема да дозволите вакви циркузи да поминуват при утврдување на решителните факти“, рече Ристовски.
Судењето за „Организаторите на 27 април” e во фаза на завршните зборови. Минатите рочиште ова право го искористија обвинителството и обвинетиот Трајко Велјановски.