Одложени новите предлог мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bosna-korona1

Министерството за здравство информира дека мерките кои се однесуваат на вакцинација против Ковид-19, предлог на МЗ и Комисијата за заразни болести, се одложени за наредната владина седница.

— реклама —

Работодавецот, а не вработениот да го плаќа ПЦР тестот ако тој не сака да се вакцинира против ковид-19, а вработениот во јавните и приватни установи да добие два слободни платени денови ако се вакцинира, договорија вчера министерот за здравство Венко Филипче со претседателите на Сојузот на синдикатите на Македонија Дарко Димовски и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски.

— реклама —

-Разговаравме за некои нивни предлози, тоа што го побараа претставниците од синдикатот, ќе биде разгледано утре на седницата на Владата, мерката од моментот на донесување важи после 15 денови за едукација на членството во синдикатите, да бидат дадени два слободни платени денови на денот на вакцинација и следниот ден, и последното барање е оние кои што не сакаат да се вакцинираат и ПЦР тестот кој треба да се прави да не биде на сопствен трошок, туку на сметка на работодавачите. За сите овие предлози ќе дискутираме на утрешната седница на Владата, рече вчера министерот Филипче.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања