Уште незапочнато, се одложи рочиштето за предметот „Плацеви на Водно“, каде според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.
Причината за одложувањето е тоа што обвинителката Лиле Стефанова ќе се тестира за коронавирус, а тоа пред судот го кажа нејзиниот стручен соработник, пред почетокот на ролиштето.
Бранителот на Сашо Мијалков, адвокатот Звонко Давидовиќ, по одложувањето на денешното рочиште, во изјава за медиуми, рече дека биле известени дека обвинителката побарала одлагање, затоа што наводно била во контакт со суспектна особа на Ковид-19.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.