Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Одложено рочиштето за смртта на Никола Саздовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

nikola-sazdovski

Поради оправдано отсуство на еден од поротниците причина смртен случај, денешното судско рочиште за обвинетите за смртта на Никола Саздовски е одложено.

Во случајот за убиството на Саздовски, осомничени се три лица: Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа кој е во бегство. На минатото рочиште се презентираа наоди од судска медицина кои потврдија дека Саздовски бил убиен со употреба на физичка сила.

— реклама —

Нападот на Саздовски се случи на автобуска постојка во Автокоманда. Претходно искази даваа сведоци кои на моментот на убиството било на постојката.

— реклама —

На претходното рочиште во судот беа презентирани наодите од судска медицина.

— реклама —

Вештото лице, доктор Златко Јаќоски од Судска медицина на рочиштето посочи дека обдукцискот наод извршен врз Никола Саздовски покажал крвни повреди на главата, поточно на левата страна на лицето и во темената регија, оштетување на мозокот и крвен подлив на градниот кош.

Според вештото лице, Саздовски бил донесен во болница во предсмртна фаза за што итно била направена реанимација, а заради неможност на функционирање на мозокот бил поставен на механичка вентилација со пропратна терапија со медикаменти.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, Јетон Љужа, кој се уште е недостапен за органите на прогонот распишана е домашна и меѓународна потерница.

Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања