Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Одлуката е донесена: Орбан е „казнет“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борељ, изјави дека следните состаноци на министрите за надворешни работи и одбрана на земјите членки на ЕУ ќе се одржат во Брисел, а не во Будимпешта, поради позицијата на Унгарија во однос на војна во Украина.

Говорејќи по министерскиот состанок во Брисел, Борељ рече дека ја донел одлуката откако повеќето министри рекоа дека се противат на потезите на Унгарија откако таа го презеде претседавањето со Советот на ЕУ на 1 јули, објави Ројтерс.

— реклама —

Тој додаде дека нема консензус меѓу членките на ЕУ за тоа дали да присуствуваат на состанокот, планиран за 28-29. август, а потоа и собирот на министрите за одбрана.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека предложил да се одржи состанок на министрите за надворешни работи во Украина, но Унгарија гласала против предлогот.

Борељ изјави дека повеќето министри сакаат Унгарија да сноси „симболични“ последици откако унгарскиот премиер Виктор Орбан отпатува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин, како дел од, како што ја нарече, мировна мисија за Украина, без поддршка од другите членки .

— реклама —

„Мораме да испратиме сигнал, дури и ако тоа е симболичен сигнал“, изјави Борељ за новинарите во Брисел по последниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ пред летната пауза.

На денешниот состанок, многу министри за надворешни работи на ЕУ ја изразија својата силна осуда за ставот на Будимпешта директно до нивниот унгарски колега Петер Сијарт, пренесува Ројтерс.

— реклама —

„Ова беше многу јасно и се повтори на начин што не остави простор за сомнеж“, изјави португалскиот министер за надворешни работи Пауло Рангел.

Борељ исто така смета дека Будимпешта треба да го означи рускиот претседател Владимир Путин како „провоен“ лидер, а не Европската унија.

„Ако сакате да зборувате за воената партија, зборувајте за Путин“, рече тој.

Воедно, Сијарто оваа одлука ја окарактеризира како „детска“.

Земјите од ЕУ, вклучувајќи ги Шведска, Финска, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Данска, како и Европската комисија, веќе го намалија учеството на министерските состаноци на ЕУ поради унгарското претседавање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 година

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 година

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 година

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања