Одлуката на судот во Стразбур е потврда дека во Македонија имаме заробено судство од ДУИ и СДС кое служи за гонење на политички неистомиленици, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sudstvo-2

Одлуката на судот за човекови права во Стразбур потврди дека случајот 27 април беше политички процес, процес за гонење и тортура на политички неистомисленици е со цел да се случат Уставни измени во Собранието, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Одлуката од судот во Стразбур е само уште една потврда дека во Македонија судството и судиите се заробени од кликата на власт предводена од ДУИ и СДС.

— реклама —

Потврда за тоа како криминалците од ДУИ и СДС ги користат судиите и јавните обвинители за закани, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Оваа одлука е само уште еден доказ за суровоста и изживувањето на Добрила Кацарска, за која доби своја лична награда - уставен судија.

Додека невини луѓе лежат во затвор, криминалците од власта на ДУИ и СДС слободно хараат низ државата и секој ден стануваат се побогати, пљачкосувајќи го народот.

За сите вмешани во овој политички случај, за сите обвинители и судии по промената на власта, која ќе е случи многу скоро, ќе има одговорност.

Одговорност заради тортурите врз граѓаните кои се уште се во затворите и одговорност за малтретирањата и страдањата на семејствата на неоправдано осудените лица кои добија над 210 години затвор.

Правда во Македонија ќе има. Правда за сите неоправдано затворени, како и одговорност за секој кој се вмешал во криминал и предавства“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања