Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Одново ветување за реновирање на салата Партизан во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Oliver-Zafirovski-05.06.2021-480x270-1

,,Голем број на зелени површини исчезнуваат пред нашите очи, нема зелени катчиња, урбаниот хаос, сообраќајниот метеж, бетонизацијата што му се случува на Карпош каде што секој ѕида и постојано никнуваат нови згради додека зелените површини исчезнуваат. Освен тоа, денес имаме една голема нехигиена во општина Карпош, нема доволно паркинг места, нема детски градинки, а секојдневно граѓаните имаат проблем со општината и администрацијата и токму ова беа едни од моите мотиви да станам и да се кандидирам за градоначалник на општина Карпош бидејќи имаме една сериозна програма во која се опфатени од најмалите до највозрасните.” – истакна д-р Оливер Зафировски во своето гостување утрово во ,,Добро утро, секое утро” на телевизија Алфа.

— реклама —

Зафировски рече дека програмата што ја нуди ВМРО - ДПМНЕ има многу можности да се помогне и да се смени Карпош да биде повеќе зелен и со чист воздух, наспроти овие 4 изгубени години за жителите од оваа општина.

,,За овие 4 години не видовме ништо ново, дури и она што беше оставено во функција сега пропаѓа, имаме една општина којашто за обична работа, да се земе некој документ треба да чекаме со денови, месеци и денови. Исто така, спортската сала ,,Партизан” која беше една од основните обележја на Карпош е комплетно руинирана, запуштена и она што јас сакам е комплетно да ја реновирам со најнова содржина и надворешното уредување кое претставува едно темно катче и е сосема небезбедно да човек поминува од таму. Ќе се направи и трим патека и патека за велосипеди да можат луѓето да спортуваат и што поголем дел од денот да го поминат во природа.” – рече тој.

— реклама —

Зафировски како еден од поголемите проблеми во општина Карпош ја посочи нехигиената која е на најниско ниво и е извор за многу инфекции и рече дека справувањето со ова ќе му биде приоритет уште од првиот ден по победата на локалните избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања