Промени тема
Контакт

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ реагира на текот на денешното судско рочиште, оценувајќи дека суштинските прашања во текот на вкрстеното испрашување на вештаците останале во втор план.

Од здружението велат дека наместо јасни и прецизни прашања со кои би се провериле или оспориле наодите од вештачењата, на рочиштето биле поставувани долги серии прашања, со повторување на веќе изнесени наоди и враќање на претходно разгледани теми.

— реклама —

„Вкрстеното испрашување треба да служи за проверка на доказите и утврдување на фактите, а не за проверка колку долго можат судот, вештаците и родителите да издржат бескрајно повторување на прашања без суштина“, наведуваат од здружението.

— реклама —
— реклама —

Оттаму посочуваат дека одбраната има право да ја брани својата позиција, но доколку има забелешки на вештачењата, тие треба да бидат оспорени со факти, документи, стручни аргументи и конкретни прашања.

„Но ако нема што суштински да се оспори, одолжувањето на рочиштето нема магично да создаде аргументи“, се наведува во објавата.

Здружението нагласува дека зад судскиот процес не стојат само документи и вештачења, туку и семејствата на 63-те лица кои ги загубија животите и кои, како што велат, секојдневно ги живеат последиците.

„Фактите се побиваат со факти. Вештачењето – со аргументи. А времето, очигледно, со прашања без крај“, порачуваат од „16-ти Март 2025“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1f5fc35k8unpbcXAIhu

Дрон преку тераса влегол во спална соба во Кочани: „Нè разбуди звукот од пропелерите“

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 месец

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 1 месец

media-librarylr9mj551mid0dlFsw2S

Иван Ивановски: „Добри луѓе“ ја донесе приказната за трагедијата во Кочани пред светската јавност

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања