Сообраќајот на патниот правец Р-1302 Берово–Струмица, кај село Ратево, се одвива по направена девијација во должина од околу 50 метри поради поголем одрон.
Намалена видливост поради појава на магла е евидентирана на патниот правец Тетово–Гостивар, каде видливоста е намалена до 70 метри.
Според информациите, сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси.
Од 15 ноември 2025 година во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15 март 2026 година, без оглед на моменталните временски услови.
АМСМ апелира на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои зголемен ризик од одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Поради зимски услови, патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.