Официјално - Собранието ја потврди оставката: Димитровска веќе не е претседателка на Антикорупциска, се активира постапка за избор на нов член

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
Tatjana

Собранието денеска официјално ја потврди оставката на Татјана Димитровска од функцијата претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, информираше дека функцијата ѝ престанува согласно член 121 став 2 од Деловникот на Собранието.

— реклама —

Димитровска, како што беше соопштено, го известила Собранието дека ќе ја образложи својата одлука за оставка пред почетокот на седницата. По утврдувањето на оставката, следен чекор е Комисијата за прашања на изборите и именувања да распише јавен оглас за нов член на Антикорупциската комисија, што треба да се стори најдоцна во рок од десет дена.

— реклама —

Оставката следува по иницијативата за нејзино разрешување поднесена од партијата Левица до собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања. Само неколку дена подоцна, Димитровска доброволно се повлече од функцијата.

— реклама —

Инаку, против неа Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 18 јули поднесе обвинителен предлог. Таа се сомничи дека во периодот од мај до декември 2024 година ѝ открила класифицирани информации на неповикано лице кое е обвинето во случајот „Адитив“. Дополнително, ѝ се става на товар дека незаконски го добила и сертификатот за пристап до класифицирани информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања