„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Оглас за 31 вработување со високо образование во АД “Пошта’, синдикатот загрижен’

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
posta

Согледувајќи  ја лошата финансиска состојба на Друштвото предизвикана од намалените приходи како и направената анализа на распишаниот јавен оглас за нови вработувања  во Пошта објавен во дневните весници “Слободен печат“ и “Коха“ во изданијата од 24-25.07.2021г укажува  дека 80% од  посочените вработувања не се во согласност со реалните потреби на Друштвото, односно со цел за поголема ефикасност, продуктивност и мотивација во работењето, тие испразнети работни места може да се пополнат со внатрешно прераспоредување на постоечките кадри во самите Подружници и Дирекција, се вели во соопштението од Синдикатот на Македонска пошта.

— реклама —

Во продолжение на дописот тие додаваат:

Имено, Ставот на Синдикатот на Македонска пошта и вработените е дека само неколку испразнети работни места кои не се повеќе од 5 до 7 работни места, односно  20% од  вкупниот број на објавените вработувања во огласот со високо образование се оправдани од причина што за нив се бара  соодветно образование и истите претставуваат реална потреба за  пополнување со нови вработувања, додека пак останатите 80% од  објавените работни места се крајно непотребни и непродуктивни, а истите може да се пополнат со внатрешно прераспоредување од постоечките кадри согласно нивниот работен стаж и искуство,  имајќи во предвид дека за тие работни места не е потребно соодветно образование, односно истите може да се реализираат и со  било кое друго високо образование.

— реклама —

Исто така, Друштвото не спроведе постапка на информирање и консултирање со Синдикатите и не побара мислење за ова прашање кое директно ќе има импликации на останатите вработени, нивните плати, како и на опстојувањето на Македонска пошта. На тој начин постапката е спроведена спротивно на Законот за работните односи, конвенциите на МОТ и директивите на ЕУ за информирање и консултирање.

Од горе изнесените аргументи, Синдикатот на Македонска пошта со ова соопштение го повикува Генералниот директор да ја преиспита одлука за распишување на јавен оглас за вработување на нови триесет и еден административен работник имајќи  ја во предвид лошата финансиска состојба и можноста  поголемиот дел од испразнетите работни места да се пополнат со внатрешно  прераспоредувања од постоечките кадри и со тоа да се овозможи

пренамена на планираните средства за нови вработувања, истите да се наменат за зголемување на платите на вработените кои повеќе од 30 години не се зголемени и истите се далеку под просечна плата, а особено загрижувачко е нивото на плата на 80% од вработените кои се во технолошкиот процес каде што нивната плата е приближна на минималната плата.  Потребата за пренамена на средствата за зголемување на платите се дотолку оправдана и неопходна со оглед на секојдневните зголемувања на цените на  основните намирници за живот, а секое поскапување ја продлабочува нашата долгогодишна борба за пристоен и достоинствен живот на нашите семејства.

Барањето за зголемување на платите е во согласност со Меморандумот за соработка и разбирање од 18.12.2019 год во кој  Работодавецот и Синикатите се обврзуваат за изнаоѓање решение за реализација за зголемување на платите на вработените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања