„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Огнена стихија во Старо Нагоричане, изгореа куќи - за среќа нема човечки жртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
pozar-3

Неколку куќи во селото Рудинци, општина Старо Нагоричане, биле зафатени од пожарот што избувна во петокот навечер, потврди за Трн.мк Далибор Трајковски, командир на Територијалната противпожарна единица. Дел од опожарените куќи биле населени, а дел празни. Точниот број на уништени објекти сè уште не е утврден.

— реклама —

Огнената стихија, која се ширела со извонредна брзина, зафатила непристапни терени, како ридови и долови, а во еден момент дури стигнала и до железничката пруга, продолжувајќи кон кратовското село Димонце.

„Интервениравме до три часот по полноќ. Со две противпожарни возила, осум пожарникари и поддршка од мештаните, успеавме да го локализираме пожарот. Ситуацијата беше исклучително сериозна, пламените јазици се движеа со таква брзина што не можеше да се предвиди каде ќе се прошири понатаму“, изјави Трајковски.

— реклама —

Поради оштетени електрични столбови и трансформатор, електричната енергија во селото е прекината, како мерка на претпазливост.

Иако пожарот бил изгаснат во петокот, следниот ден повторно се појавил, но на друга локација, што според командирот на пожарникарите упатува на сомневање за намерно подметнување.

Најзначајно е што, според досегашните информации, нема повредени лица. Во текот на наредните денови се очекува теренска проценка и утврдување на точната штета.

„Во моментов нема активни пламени јазици, но на неколку места сè уште има чад и жаришта. Утре ќе излеземе со прецизни податоци“, додаде Трајковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања