Доживотен затвор доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане за четири убиства и два обида
Казна доживотен затвор му изрече судот во Куманово на 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој беше обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во кумановскиот регион.Обвинението се однесува на шест напади извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, во повеќе села во Општина Старо Нагоричане. Четири жени ги загубиле животите, додека две преживеале.Според Обвинителството, жртвите главно биле повозрасни и немоќни жени, кои биле нападнати кога биле сами.
Македонија | пред 1 ден