Промени тема
Контакт

Денеска се очекува пресудата за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинителството бара доживотен затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryl1thgskmddfc0q9Mqrh

Основниот суд во Куманово денеска треба да ја објави пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Обвинителството бара доживотен затвор, додека одбраната повикува судот да ги земе предвид олеснителните околности.

— реклама —

Завршните зборови во постапката беа изнесени на 6 октомври, по што судот го определи 9 октомври за објавување на одлуката.

Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара Бојковски да биде прогласен за виновен за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска, како и за обидите за убиство на Росанка Трајковска и Слободка Арсовска.

— реклама —

Во завршните зборови обвинителството посочи дека делата биле извршени на сличен начин. Како клучни докази ги издвои ДНК-трагите пронајдени кај дел од жртвите и кај една од жените што ги преживеале нападите.

— реклама —

Обвинителот се повика и на психијатриското вештачење, според кое постои висок ризик обвинетиот повторно да изврши кривични дела, како и сериозни пречки за неговата ресоцијализација. Обвинителството смета дека овие наоди се дополнителен аргумент за изрекување доживотна казна затвор.

Одбраната, застапувана од адвокатот Тони Цветковски, кој му е доделен на Бојковски по службена должност, побара при одмерувањето на казната да се разгледаат и олеснителните околности.

Со денешното објавување на пресудата се очекува да заврши првостепената постапка пред Основниот суд во Куманово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl1thgskmddfc0q9Mqrh

Обвинителството бара доживотен затвор за серискиот убиец Бојковски од Старо Нагоричане за четири убиства и два обида

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

„Глуми лудило“, вели психијатар за однесувањето на серискиот убиец од Старо Нагоричане

Македонија | пред 1 месец

media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

Одложено судењето за серискиот убиец Трајче Бојковски, адвокатот се повлече од одбраната

Македонија | пред 2 месеци

media-library43kaajh9mubi4GrjxpZ

Некрофилија е мотив за убиствата на серискиот убиец од Старо Нагоричане, тврди обвинителот Лапе - обвинетиот не призна вина

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања