Промени тема
Контакт

Доживотен затвор доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане за четири убиства и два обида

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

Казна доживотен затвор му изрече судот во Куманово на 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој беше обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во кумановскиот регион.

— реклама —

Обвинението се однесува на шест напади извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, во повеќе села во Општина Старо Нагоричане. Четири жени ги загубиле животите, додека две преживеале.

— реклама —

Според Обвинителството, жртвите главно биле повозрасни и немоќни жени, кои биле нападнати кога биле сами. Во обвинителниот акт се наведува дека делата биле извршени од ниски побуди, со намера за задоволување на половите нагони врз мртви тела.

За време на судската постапка, Бојковски признал вина за три од четирите убиства и за двата обида за убиство. За едно од убиствата, пак, ја негирал одговорноста.

— реклама —

Психијатриското вештачење покажало дека тој бил пресметлив и можел да го разбере значењето на своите постапки. Вештакот предупредил и на постоење ризик од повторување на делата.

Основното јавно обвинителство Куманово уште при поднесувањето на обвинението посочило дека за кривичното дело за кое се товари Бојковски, законот предвидува затворска казна од најмалку десет години или доживотен затвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl1thgskmddfc0q9Mqrh

Денеска се очекува пресудата за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинителството бара доживотен затвор

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryl1thgskmddfc0q9Mqrh

Обвинителството бара доживотен затвор за серискиот убиец Бојковски од Старо Нагоричане за четири убиства и два обида

Македонија | пред 2 дена

media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

„Глуми лудило“, вели психијатар за однесувањето на серискиот убиец од Старо Нагоричане

Македонија | пред 1 месец

media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

Одложено судењето за серискиот убиец Трајче Бојковски, адвокатот се повлече од одбраната

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања