Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Одложено судењето за серискиот убиец Трајче Бојковски, адвокатот се повлече од одбраната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

Судскиот процес против 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, кој се товари за четири убиства и два обида за убиство на жени, денеска не продолжи, откако дојде до промена во неговата одбрана.

— реклама —

На денешното рочиште обвинетиот не се изјасни за виновен, а неговиот бранител Драган Трајковиќ соопшти дека се повлекува од случајот, образложувајќи дека Бојковски не го прифатил неговиот правен совет.

— реклама —

„Со оглед дека обвинетиот не го прифати мојот совет, како бранител го откажувам моето полномошно согласно член 76 став 7 од Законот за кривична постапка и согласно истиот член став 5 предлагам на судот да му биде определен бранител по службена должност со цел заштита на неговите права и интереси“, изјави адвокатот Трајковиќ.

По неговото повлекување, судот оцени дека на обвинетиот треба да му биде назначен адвокат по службена должност. Воедно, одбраната предложи да бидат сослушани уште двајца сведоци.

— реклама —

Поради овие околности, Основниот суд во Куманово донесе одлука главната расправа да биде одложена до исполнување на процесните услови за нејзино продолжување.

Обвинението во предметот го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

Доживотен затвор доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане за четири убиства и два обида

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryl1thgskmddfc0q9Mqrh

Денеска се очекува пресудата за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинителството бара доживотен затвор

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryl1thgskmddfc0q9Mqrh

Обвинителството бара доживотен затвор за серискиот убиец Бојковски од Старо Нагоричане за четири убиства и два обида

Македонија | пред 3 седмици

media-library1gnqhtm9pp11eXgOeC1

„Глуми лудило“, вели психијатар за однесувањето на серискиот убиец од Старо Нагоричане

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања