Промени тема
Контакт

Охридскиот аеродром добива нов изглед: Денеска се пушта во употреба реконструираниот дел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
aerodrom-ohrid

Во Охрид денеска ќе биде пуштен во употреба реконструираниот дел на Охридскиот аеродром.

На свеченото отворање ќе присуствуваат извршниот директор на ТАВ Аеродроми, Серкан Каптан, премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

— реклама —

Со реконструкцијата е извршено проширување на патничкиот терминал за 30 до 40 проценти, како и зголемување на капацитетот на шалтерите за патници и багаж за 100 квадратни метри.

Дополнително, проширена е зоната за безбедносна контрола на патници и багаж, а административната зграда е проширена од 290 на 700 квадратни метри.

— реклама —

Во рамки на реконструкцијата се предвидени и нов ресторан-кафетерија за вработените, нови канцеларии за Граничната полиција и Царинската управа, како и паркинг простор за вработените.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

aerodrom-ohrid

Следната недела почнува реконструкција на аеродродмот во Охрид, инаку до скоро беше нелегален објект, вели Николоски

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања