Промени тема
Контакт

ОЈО бара продолжување на притворот за професорот од Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-06-at-11.05.50

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против 57 – годишен професор од Струга, за сторено кривичното дело – Насилство од член 386 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

— реклама —
— реклама —

Обвинетиот на 23.12.2021 година околу 13:30 часот, со боксирач удрил ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по претходно влошени меѓусебни односи и вербална расправија. Притоа, обвинетиот замавнал со десната рака на која претходно го имал ставено железниот боксирач и го удрил оштетениот ученик во пределот на главата. Со преземените дејствија обвинетиот нанел телесни повреди кај оштетениот, извршил грубо насилство и во јавноста предизвикал чувство на несигурност.

— реклама —

Обвинителството до надлежниот суд достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања