ОЈО: Главна причина за несреќата е недозволена брзина и неисправност на сопирачките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

obvinitel-rajcev

Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев  на прес-конференција ги презентира информациите за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци. Седум лица се приведени за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс" и возачот на автобусот . Обвинителството бара да се отвори истрага за шест од нив, а за седмото лице бара мерка на претпазливост.

— реклама —

Според Рајчев главна причина  за несреќата е недозволена брзина и неможноста возачот  навреме да реагира, но и неисправноста на уредот за сопирање. Според вештите наоди рече Рајчев, евидентирани се кочења, но откако возачот ја поминал заштитаната ограда.

„Вештите лица кажуваат дека шоферот изгубил контрола над управувачот, а придонес за тоа се брзината и потоа во одбегнувањето на незгодата, неисправноста на сопирачките за да го запре автобусот.“, истакна обвинителот Рајчев.

— реклама —

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони приведените за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Овие лица, како што соопштија од обвинителството во моментов се во полициска станица, по што ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основсниот суд Скопје 1 и за нив обвинителството ќе бара мерка притвор.

За седмиот осомничен кој издал документација дека работи тахометарот, иако не била направена проверка, ОЈО ќе бара мерки на претпазливост. Тој ќе одговара за несовесно работење во служба.

Инаку и во јули 2018 биле евидентоирани недоследности во уредите на сопирачки на овој автобус, но сепак му било издадено одобрение за исправност.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс" со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања