Промени тема
Контакт

ОЈО: Обвинителот кој постапува во „ТНТ“ ниту влијаел ниту можел да влијае врз одлуката на Судот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
244507018_832514724085702_8044022012564587281_n

Јавното обвинителство во целост ги демантира наводите изнесени во одредени медиуми кои се однесуваат на постапката во предметот во јавноста познат како „ТНТ“. Имено, јавниот обвинител кој постапува во предметот ниту влијаел ниту можел да влијае врз одлуката на Судот во поглед на текот на постапката или кривичната санкција во предметот. Судот е целосно независен при одлучувањето, а согласно Законот за кривична постапка престедателот на советот е единствено надлежен да прифати или одбие предложени докази.

„Она што јавноста треба да го има предвид е дека во конкретниот случај станува збор за предмет за кој само судската постапка трае повеќе од три години. Главната расправа за предметот е започната од 24.01.2018 година и досега два пати судењето започнуваше од почеток поради промена на поротник како дел од судечкиот совет.

— реклама —

Пред второто враќање од почеток предметот беше веќе во фаза на завршни зборови, но по инсистирање на одбраната, која не се согласи со формално читање на записниците од расправите каде беа изведувани доказите, сите сведоци и докази беа повторно сослушувани и изведувани во повторените постапки, со што одбраната придонесе за непотребно одолговлекување на постапката. За ова Основниот кривичен суд Скопје веќе неколкупати апелираше до јавноста преку соопштенија и брифинзи како и со официјални дописи до Адвокатската комора.

— реклама —

Сите услови побарани од странките во постапката, до овој момент се задоволени од страна на Судот, вклучувајќи и превод на целиот доказен материјал и сите записници на албански јазик, токму по барање адвокатот Мерџан Даути, кој застапува странка која воопшто не говори на албански јазик, како што и самата се има произнесено.

— реклама —

Од се погоре наведено, сметаме дека медиумските написи се единствено во насока да се изврши притисок за повторно неоправдано одолговлекување на постапката“, велат од обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања