ОЈО со детали за запленетата марихуана вредна 300.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
marihuana-novo

Надлежен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.3 од Кривичниот законик.

— реклама —

По повеќемесечна предистражна постапка, вчера во попладневните часови, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и полициските службеници од ОВР Гостивар беше спроведена координирана полициска акција. Во акцијата е разбиена организирана криминална група и е пресечен канал за меѓународен транспорт и недозволена трговија со дрога. Воедно се запленети околу 100 кг наркотична дрога – марихуана во вкупна вредност од околу 300.000 евра.

— реклама —

Тројцата гостиварци и едно лице од Дебар, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, набавиле наркотична дрога – марихуана и ја сместиле во објект во гостиварско. Во текот на вчерашниот ден, по претходен договор, ја предале на еден од пријавените, кој за одреден паричен надомест требало да ја транспортира дрогата со товарно возило до Р.Бугарија. Околу 17.15 часот, на патарината „Глумово“ при преглед во товарното возило „ман“ со приколка, со дебарски регистарски ознаки, од страна на полициските службеници биле пронајдени 19 црни вреќи со 189 пакувања марихуана. Приведените лица во текот на денешниот ден ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка со предлог да им биде изречена мерка притвор.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања