ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

ОЈО: Во притвор разбојникот кој ограби казино во Гевгелија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

lovecka-puska

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице на 40-годишна возраст од Гевгелија поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 и Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Осомничениот во временскиот период од 12.10.2018 година до 22.02.2019 година неовластено држел преправено огнено оружје кое на граѓаните им е забрането и тоа ловечка пушка Збројовка Брно со кал.16 мм. и 8 ловечки куршуми со кал. 16 мм. На пушката претходно биле извршени механички интервенции со кои и се скратени цевките и кундакот.

Со ова оружје осомничениот на 9 јануари околу 02.40 часот отишол во казино во Гевгелија каде откако влегол преку споредниот влез маскиран со качулка на главата го вперил оружјето кон касиерот. При тоа осомничениот од фиоката која се наоѓала на работното биро и од касата ги одзел парите кои се наоѓале внатре во вкупен износ од 150.000,00 денари во различни апоени, истите ги ставил во најлонско кесе и преку споредниот влез излегол од касиното и заминал.

— реклама —

Основното јавно обвинителство Велес смета дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот и можности да ги повтори кривичните дела поради што до Судијата на претходна постапка на Основниот суд Велес предложи против осомниченото лице да се определи мерка притвор. Предлогот е прифатен и од страна на Судија на претходна постапка на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања