„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ОЈО:Комбе полно со луѓе удрило во метална ограда на патот Радовиш-Штип, две лица починале

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
kombe

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 Скопје, поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Криумчарење мигранти од чл.418-б ст.3 в.в со ст.2 и обвинителен предлог за едно лице за помагање при извршување на истото кривично дело од чл.418-б ст.2 в.в со чл.24 од Кривичниот законик.

— реклама —

Oбвинителството утврди дека на 22.6.2018 година, второобвинетиот со намера да му помогне на првообвинетиот му го продал своето товарно моторно возило марка „Ивеко“. Потоа, 25.6.2018 година првообвинетиот во близина на с.Костурино, Струмичко, прифатил група од 23 илегални мигранти од кои 18 биле од Бангладеш и пет лица од Шри Ланка. Со намера да ги превезе до кумановско-липковскиот регион, ги сместил мигрантите во товарниот дел од возилото и иако не поседувал возачка дозвола за управување на моторно возило, се упатил во правец кон Штип. Движејќи се на магистралниот пат А-4 во правец од Радовиш кон Штип, заради неприлагоденост на условите и конфигурацијата на патот, изгубил контрола над возилото и со голема брзина удрил во метална заштитна ограда. Од ударот металната ограда се скршила и го пробила возилото, навлегувајќи и во товарниот простор каде биле сместени мигрантите. Во несреќата две лица починале, шест се здобиле со тешки, додека 15 лица се здобиле со полесни телесни повреди. Возачот побегнал од местото на несреќата.

Обвинителот, имајќи предвид дека околностите што постоеја во моментот на определување на мерката притвор се уште постојат, до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и барање за продолжување на мерката притвор за обвинетите, се наведува во соопштението од Основното јавно обвинителство.​

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања