„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Океј, ДУИ има право да се лути, да кодоши и да пишува писма, петицијата до Брисел ќе ја потпишат ли оцрнетите кадри?, прашува Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
441954545_1036746617809666_6847479765915775827_n

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ јавно праша дали оцрнетите кадри на ДУИ ќе ја потпишат петицијата на Али Ахмети која ќе ја испраќа во Брисел, а која се најави како последица на нивното заминување во опозиција.

— реклама —

„Дали Курто, Селим, Мерко и Иџет ќе ја потпишат петицијата на ДУИ до Брисел? Очигледно е дека ДУИ сеуште не може да се помири со политичката реалност дека ќе оди во опозиција. Дел од владините функционери од ДУИ, плашејќи се од одговорност пред законите, не сакаат да прифатат дека во Македонија и без нив може да се формира влада поддржана од стабилно мнозинство од најмалку 78 пратеници и со легитимитет добиен од над 600.000 гласачи. И во знак на протест сега ќе потпишуваат петиција до ЕУ во која веројатно ќе доминираат фразите за тоа дека сите други политички чинители се лоши, а само ДУИ се оние најдобрите кои се залагаат за демократскиот легитимитет, за владеењето на правото, евро-атланските партнерства и стабилноста на државата.

Океј, ДУИ има право да се лути, да кодоши и да пишува писма.

— реклама —

Но, ќе биде навистина интересно да се види дали меѓу функционерите потписници на тоа писмо ќе бидат и:

- Курто Дудуш, и дали во писмото ќе има дел за информациите што обвинителот Ислам Абази ги знае за (не)законските постапки од областа на урбанизмот во општината Шуто Оризари.

- Селим Адеми, и дали до неговиот потпис ќе стои упатство за уникатната примена на правото во Републичкиот судски совет за незаконито менување на претседател.

- Рамиз Мерко, со потпис и објаснување за процесот на ветинг во корелација со црните листи на стратешките партнери и

- Иџет Мемети, со потпис и експликација колку стабилна и приходна може да биде меѓуетничката соработка во правосудството на еден "про-европски" тандем, особено ако едниот е обвинител, а другиот Врховен судија.

И сигурно нема да се пропушти на оваа петиција да И се закачи "европското знаменце" што ДУИ 100 пати го злоупотреби во Собранието, за да може истото да биде разгледано по скратена постапка во Брисел, Анкара, Софија, Вашингтон и Лондон“, напиша Милошоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања