Промени тема
Контакт

Омикрон сојот тешко дека некој ќе го избегне, вели Пановски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
panovski

Микробиологот проф. д-р Никола Пановски во гостувањето на ТВ 24 вели дека заразата со омикрон варијантата тешко дека некој ќе ја избегне, но болеста полесно поминува кај оние кои веќе прележале ковид и кои се вакцинирале против коронавирусот.

– Бројот на денови за изолација треба да биде 7 дена, многу малку ќе придонесеме за ширење на болеста, и најважно е тоа што болеста кај прележаните и вакцинираните полесно поминува. Доколку некој праша дали ќе биде заштитен од омикрон тоа е многу тешко бидејќи сите ќе го прележиме. Некој на нога ќе го помине, особено што според податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека 30 проценти од тестираните досега се асимптоматски случаи. Замислете колку луѓе има кои што одат на работа, не се тестираат и се позитивни. И ако го промениме прагот на изолација, тогаш треба да се затворат сите установи – појаснува професорот Пановски.

— реклама —
— реклама —

Според докторот заштитени се оние што го прележале делта сој и што се вакцинирани со трета доза.

— реклама —

– Делта сојот не замина. Се надевам дека овие 26 починати од вчера се со делта сојот. Сметам дека делта варијантата доминира, а нашата смртност е недалеку од онаа во светот. Смртноста е помала во однос на заразеност. Заради правилно лекување смртноста се намалува. Колку што се заразуваат толку и оздравуваат. Заштитени се оние што прележале делта сој и што се вакцинирани со трета доза. Најбитно е колку од тие реинфицирани и смртни случаи се од тие вакцинирани. Претседателот на Светската здравствена организација не кажува ништо добро, ништо охрабрувачко, а тоа води во депресија – вели Пановски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања