Промени тема
Контакт

ОМО Илинден до Радев: Зошто ви е толку тешко да го признаете македонското малцинство?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Rumen-Radev-e1517838891722

Партијата на Македоците во Бугарија, ОМО Илинден Пирин со контра-прашање му одговори на бугарскиот претседател Румен Радев кој праша зошто е толку тешко да се стават Бугарите во македонскиот Устав.

Од ОМО Илинден Пирин го прашуваат зошто е толку тешко да го признае македонското малцинство во Бугарија.

-Зарем не е срамота да се постави вакво прашање од лидер на држава која во својот устав не вклучува ниту едно малцинство, ниту зборот малцинство, во која формално се оспорува постоењето на малцинствата и чиј образовен систем не го зема во предвид сметка за придонесот на малцинствата?

— реклама —

Би сакале да го прашаме Радев, кој знае како да прими луѓе кои вчера станале бугарски државјани од странство, но не може да најде време дури ни да одговори на барањата за средби на бугарски државјани родени во Бугарија со самосвест: зошто ви е толку тешко да го признаете македонското малцинство?

За разлика од внесувањето на народното име во уставот, тоа не е ретка привилегија, туку право и во оваа смисла е ваша должност, која произлегува од меѓународните обврски на Бугарија, велат од ОМО Илинден Пирин.

— реклама —

Тие го прашуваат Радев и дали мисли дека со отворено негирање на постоењето на македонското малцинство и со примена на систематска дискриминација против него, го поддржува неговото барање Бугарите во Македонија да добијат привилегија да бидат вклучени во македонскиот устав.

— реклама —

-Дали воопшто мисли дека им помага на Бугарите во Македонија со тоа што отворено води непријателска политика против Македонија и македонската нација? Го набљудуваме срамниот феномен на земја која ги негира и дискриминира малцинствата на своја територија да инсистира на привилегиите на сонародниците од доминантната етничка група во Бугарија кои живеат во други земји.

И ова суштински го крши бугарскиот Устав, создавајќи привилегирана група бугарски граѓани и е во спротивност со јасниот принцип дека власта и суверенитетот во Бугарија потекнуваат од целата нација, а не од доминантната етничка група, заклучуваат од партијата на Македонците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања