Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ОН: Насилството врз децата во воени конфликти достигна исклучително високо ниво во 2023 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Насилството врз децата во конфликтите ширум светот достигна екстремно високи нивоа во 2023 година, вклучително и невиден број на убиства и повреди на деца, од Појасот Газа до Судан, Мјанмар и Украина, предупредија Обединетите нации во најновиот извештај.

ОН наведуваат дека во текот на 2023 година, 1.721 сериозно прекршување на правата на 1.526 деца биле забележани во воени конфликти низ целиот свет.

Во годишниот извештај на ОН за децата во вооружени конфликти, до кој АП имаше пристап во вторникот, се забележува дека бројот на сериозни прекршувања на деца помлади од 18 години е зголемен за 21 отсто во Конго, Буркина Фасо, Сомалија и Сирија.

Извештајот на ОН за прв пат ги стави израелските сили на глобалната црна листа на земји кои ги кршат правата на децата за убивање и повредување деца и напади на училишта и болници. Исто така, за прв пат, во извештајот се наведени милитантите на Хамас и палестинскиот Исламски џихад како одговорни за убиства, ранување и киднапирање деца.

— реклама —

Втора година по ред, ОН ги стави на црната листа на руските вооружени сили и поврзаните вооружени групи за убиства и повреди на деца и напади на училишта и болници во Украина. ОН соопштија дека 80 украински деца биле убиени, а 419 ранети во руските напади минатата година. Во Судан, во конфликтот меѓу суданската армија и паравоените формации во текот на 2023 година, бројот на тешки прекршоци врз деца се зголемил за 480 отсто, се наведува во извештајот.

— реклама —

Нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври и израелската воена операција во Појасот Газа што следеше како одговор доведоа до 155 отсто зголемување на сериозните прекршувања против децата, особено поради употребата на експлозивно оружје во густо населените области на Газа, според до извештајот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. На палестинските територии, околу 19.890 палестински деца беа пријавени за убиени или повредени и овие бројки чекаат проверка.

Извештајот на ОН за прв пат ги стави израелските сили на глобалната црна листа на земји кои ги кршат правата на децата за убивање и повредување деца и напади на училишта и болници. Исто така, за прв пат, во извештајот се наведени милитантите на Хамас и палестинскиот Исламски џихад како одговорни за убиства, ранување и киднапирање деца.

— реклама —

Втора година по ред, ОН ги стави на црната листа на руските вооружени сили и поврзаните вооружени групи за убиства и повреди на деца и напади на училишта и болници во Украина. ОН соопштија дека 80 украински деца биле убиени, а 419 ранети во руските напади минатата година. Во Судан, во конфликтот меѓу суданската армија и паравоените формации во текот на 2023 година, бројот на тешки прекршоци врз деца се зголемил за 480 отсто, се наведува во извештајот.

Суданските вооружени сили и ривалските паравоени сили за брза поддршка се на црната листа за убивање и повредување деца и напади врз училишта и болници, а паравојските, исто така, за регрутирање и користење деца во воени операции и за силување и сексуално насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

semejno-nasilstvo

Сопруг ја претепал сопругата, таа претходно нападнала вработена во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Родителите на деца што вршат врсничко насилство ќе плаќаат парични казни, вели Јаневска

Македонија | пред 1 месец

media-libraryr42uqsjq5u3c99DNars

Родител влегол во училишен двор и нападнал дете по расправија меѓу ученици: го удирал со шлаканици и тупаници

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryde5fptrt9iv26UVJsHt

Ја киднапирал и ја претепал девојката по матурска прослава: се бара притвор за 40-годишен битолчанец

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања