Онкологија пак остана без биолошкиот лек Palbosiklib, дијабетичарите без исулин - пациенти реагираа: Критична е состојбата во која се наоѓаме!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
onkologija-4142

Дијабетичарите останаа без инсулин, а пак онколошките пацинети без биолошкиот лек Palbosiklib. Пациенти ја контактираа редакцијата на „Скопје1“ кои велат дека се оставени без терапија. Некои од нив посочуваат и за алармантноста на состојбата. За инсулинската терапија, министерот за здравство Арбен Таравари рече дека во тек е набавката. За набавката на биолошкиот онколошки лек, директорот на Клиниката за онкологија Игор Стојковски за „Скопје1“ вели дека процедурите за набавка се при крај. Пациентите бараат од медиумите да ја подигнат свеста кај здравствените власти.

— реклама —

„Пишувам како очаен пациент со дијабетес ТИП 1, со надеж дека ќе ја подигнете свеста за критичната ситуација во која се наоѓаме. Веќе втора недела, во инсулинските аптеки нема инсулин, лек кој е од животна важност за нас.

— реклама —

Ова не е прашање на удобност, туку на опстанок. Без редовно снабдување со инсулин, нашите животи се сериозно загрозени. Оваа ситуација предизвикува огромна вознемиреност и страв кај сите дијабетичари и нашите семејства. Итно бараме од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) да објасни што се случува и зошто има недостиг на инсулин. Едно пенкалце инсулин чини повеќе од 2500 денари, а граѓаните се наоѓаат во сериозна финансиска криза. Како ќе си дозволат да го купат овој лек? Апелирам до надлежните институции и до јавноста да се реагира итно. Неопходно е веднаш да се обезбеди инсулин за сите пациенти кои имаат потреба. Ве молам, помогнете ни да го кренеме гласот и да ја подигнеме свеста за овој проблем. Нашите животи зависат од тоа“, стои во апелот испратен до нашата редакција утрово.

— реклама —

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека во тек се процедурите за набавката на инсулин.

„Во тек е процедурата за набавка на инсулин. Не дека недостасува насекаде, во одредени места недостасува. Но, генерално во целата територија, го има инсулинот. Се надевам дека многу бргу ќе кажеме и кој е добавувачот и набавката ќе заврши. Меѓутоа, не е дека секаде нема. Некаде недостасува“, рече министерот.

Реагираа и роднини на онколошки пациенти до нашата редакција.

„Пак истиот проблем на Онкологија. Во моментов мајка ми е на Онкологија да прима терапија. И рекле да почека две недели, можеби и побргу. Но не треба да ја прекине терапијата. Хаос и брука е ова за сите. Истата песна пак, жално за сите што чекаа лек. Мајка ми и татко ми се онколошки пацнети, замислете како ми е мене, како им е на нив“, алармира роднината на околошки пациенти.

Директорот и доктор Игор Стојков, за „Скопје1“ вели дека во тек е постапката за набавка на биолошката терапија. Посочува дека тендерската постапка е завршена и дека остануваат само формалностите. Укажува дека ако лани имало 30 пациенти, сега има 60 пациенти кои ја примаат оваа терапија. Тоа довело, за момент, да снема доволно дози од лекот. Укажува дека сега се набавува за 100 пациенти, за да не се случи нов дефицит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања