Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Опаѓа бројот на нови случаи на западнонилска треска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2
Photo by National Institute of Allergy and Infectious Diseases on Unsplash

Бројот на новите случаи на западнонилска треска во земјава бележи пад, информира министерот за здравство Сашо Клековски.

— реклама —

Во периодот од 24 до 31 август биле регистрирани вкупно пет нови случаи, од кои три се лабораториски потврдени. Тоа е значително намалување во споредба со претходните три недели, кога неделно имало меѓу девет и 11 случаи.

— реклама —

Најголем број хоспитализации бил забележан на 12 август, кога на болничко лекување биле 24 пациенти. Според податоците, мажите заболуваат 3,7 пати почесто од жените, а сите досегашни смртни случаи се кај мажи.

Заклучно со денеска, во земјава се евидентирани 55 случаи на западнонилска треска, од кои 53 се потврдени. Повеќе од половината од пациентите веќе се отпуштени од болничко лекување.

— реклама —

Од Министерството за здравство посочуваат дека податоците за бројот на заболени и излекувани, како и мапирањето на случаите по општини, ризичните водни површини и спроведените третмани, се јавно достапни на платформата healthalert.mk.

— реклама —

Клековски порача дека мерките за заштита продолжуваат и упати апел до граѓаните и натаму да ги почитуваат препораките за лична заштита од комарци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања