Денеска во Скопје се регистрирани нови три случаи на заболени со голема кашлица. Со тоа бројот на заболени во Скопје достигна бројка 141. Од Комисијата за заразни болести велат дека најмногу заболени има во Скопје, но дека регистрирани се случаи и во Дебар, Струмица и Тетово. ,,Министерот треба да даде одговор дали ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести и да донесе одлука ДСЗИ да врши инспекциски надзор исто како што беше во 2019 година кога имавме епидемија на морбили“, изјави денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Рената Младеновска. Комисијата за заразни болести, вчера во врска со епидемијата на голема кашлица, која на 9 февруари беше прогласена на територијата на град Скопје даде препорака овој Инспекторат да изврши вонредни контроли во градинките во главниот град и да забрани прием на деца кои не се вакцинирани со ди-те-пер вакцина против голема кашлица. Целта на контролите е да се зголеми опсегот на вакцинација, која според надлежните е најефикасната мерка за заштита од пертусис.
Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе
D4mbdQwi1L8
Опасно се шири опасноста од голема кашлица, денес три нови случаи
Поврзани содржини
Германска анализа: Лековите за кашлица најчесто не делуваат – медот еднакво ефикасен
Магазин | пред 1 месец
Кашлицата се шири брзо, а можат да заболат и бебиња - пикот кон крајот на февруари
Македонија | пред 1 година