Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Опасност од шумски пожари низ Грција: Најкритично на Крит и уште неколку острови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-librarypgsf7ssldla66EtLIU5

Грчките служби за цивилна заштита се ставени во состојба на зголемена готовност поради многу висок ризик од избувнување и ширење шумски пожари во повеќе делови од земјата.

— реклама —

Според дневната мапа за процена на ризикот од пожари, за неколку региони е прогласен четврти степен на опасност, што значи дека временските услови се исклучително поволни за брзо ширење на пожарите.

— реклама —

Најголем ризик е прогласен на островите Хиос, Лезбос, Самос и Икарија, во регионот Додеканез, како и во регионалните единици Ласити и Ираклион на островот Крит.

— реклама —

Висок ризик од пожари, односно трет степен на опасност, денес е на сила и во областа Атика, како и во повеќе други островски и копнени делови на Грција.

— реклама —

Од Цивилната заштита ги повикаа граѓаните и туристите да бидат особено внимателни и да избегнуваат активности што можат да предизвикаат пожар, како што се палење сува вегетација и растителен отпад, користење алати што создаваат искри, заварување, палење скара на отворено и фрлање отпушоци од цигари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 20 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 3 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања