Промени тема
Контакт

Опозицијата го блокира Законот за здравствена заштита и лаже дека брзата помош се приватизира, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
24062021_PVRSM_Zaev_od-Sobranie_2

„ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно пред граѓаните ја покажуваат својата деструктивност и неодговорност со блокирање на измените на Законот за здравствена заштита и шират лаги дека брзата помош во јавните здравствени установисе приватизира. Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата Помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи“, сметаат од СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на Приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно Итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно. Со овој закон се овозможува и граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита. Опозицијата кога беше на власт Итната Помош ја остави со само 5 возила, а лекарите ги доведе на раб на егзистенција и предизвика голем одлив на кадри надвор од земјата. Владата предводена од СДСМ во изминатиот период вложува во опрема, реконструкција на здравствени установи после 70 години, вложува и во медицинскиот кадар. Платите на лекарите се за 40%, а со дежурствата истите се дуплираат. Не е ништо ново ВМРО-ДПМНЕ со помош на Левица да блокира закони кои се во интерес на граѓаните, како и овој Закон за здравствена“, велат од СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања