Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Општина Аеродром ослободува паркинг-места: Се отстрануваат старите и напуштени возила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 37 минути -

Скопје
media-libraryol0d1jb71ovg20k6aK5

Општина Аеродром започна акција за отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини, со цел ослободување на паркинг-местата и воспоставување поголем комунален ред.

— реклама —

Како што информира градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, општинскиот Инспекторат, по претходно известување на сопствениците и спроведена постапка, активно ги отстранува возилата што подолг период зафаќаат јавен простор.

— реклама —

Возилата се подигаат со помош на шлеп-служба и се транспортираат до општинското депо, со што се ослободуваат паркинг-места за граѓаните.

Акцијата опфаќа и возила кои не се регистрирани повеќе од три години, но и камп-приколки и чамци оставени на јавните паркинзи. За утврдените неправилности ќе следуваат отстранување и соодветни санкции согласно законските прописи.

— реклама —

Од Општина Аеродром ги повикуваат сопствениците навремено да ги отстранат возилата што подолг период не се во употреба и зафаќаат јавни површини.

— реклама —

„Повеќе слободни паркинг-места, повеќе ред и почист Аеродром“, порачуваат од Општината, најавувајќи дека контролите и спроведувањето на мерките ќе продолжат на целата нејзина територија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybmk019jm58sj9WAoOPC

Отстранети 400 тони отпад од диви депонии и јавни површини во Аеродром

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryo49r79nrg16a806ecoG

Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример за неодговорност поради оставање стар мебел покрај контејнер, таа во коментар му врати: „Платив за подигање, очекувам извинување“

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryf6lc61gla07e5IsYqSb

Остатоците од паднатите дрвја во Аеродром сè уште не се собрани, граѓаните реагираат на состојбата

Скопје | пред 4 седмици

skopski-aerodrom-skopje-patnici

Скопскиот аеродром меѓу европските рекордери: Патничкиот сообраќај пораснал за 34,8 отсто

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања