Промени тема
Контакт

Општина Аеродром изготвува втора верзија на ДУП за дел од населбата Лисиче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
timco-mucunski

Во Општина Аеродром веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Комисијата за урбанизам во општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета, информираат од општината.

— реклама —
— реклама —

По завршување на оваа фаза, според општината, планерската фирма веќе изработува, а Општина Аеродром наскоро ќе ја објави новата ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план, кој како и досега во рамките на отворена и транспарентна постапка ќе биде изложен на јавна анкета и истиот ќе биде презентиран пред граѓаните и медиумите.

— реклама —
— реклама —

„Интересот на граѓаните е приоритет во носењето на сите одлуки во Општина Аеродром, вклучително и оние од областа на урбанизмот. Одлуките кои ги носи Општина Аеродром имаат единствена цел, решавање на клучните проблеми и подигнување на квалитетот на живеење во општината. Финалната верзија на Деталниот урбанистички план за овој дел од општината ќе биде направен, во согласност со потребите и барањата на граѓаните“, истакнуваат од Општина Аеродром.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања