Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Општина Бутел инвестира 3 милиони денари во детската градинка „11 Октомври“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
gradinka-2

Инвестирани се 3.000.000 денари во клоновите во детската градинка „11 Октомври“ со што се подигна квалитетот и условите во детската градинка. Опремени се 10 занимални со комплетно нови столчиња и масички, нови подлоги, шкафчиња, нови дидактички играчки. Исто така набавени се и нови специјализирани интерактивни табли за децата во градинките, вели градоначалникот на Бутел Дарко Костовски.

— реклама —

„Изградено е и посебно детско игралиште наменото за двата клона во населеното место Бутел 1.

Во Општина Бутел следи градежна експанзија и реализација на многу нови проекти.

— реклама —

Нема да биде заборавено ниту едно населено место на територија на Општина Бутел.

За 18 месеци од сега ќе биде завршено училиштето во Визбегово, оваа година ќе започне и со изградба детската градинка „Св. Климент Охридски“. Но она што сакам да го истакнам е дека се обезбедени средства за доградба во ООУ „Ацо Шопов“.

За брзо започнува целосна реконструкција на улица Бутелска а во текот на оваа година и реконструкција на улица Радишанска.

Во текот на оваа година, покрај тековното чистење, ќе започнеме и уредување и изградба на речното корито на река Серава во должина од 1 километар во населеното место Радишани.

Општина Бутел ќе стане градежна зона и ветувањата ќе се реализираат“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања