„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Општина Центар ги отстранува нелегалните тераси на угостителските објекти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
centar

По извршениот инспекцискинадзор на угостителски објекти на територијата на Општина Центар со кој се утврдува легалноста на поставена урбана опрема надвор од деловен објект, Општина Центар започна со отстранување на нелегалните тераси на повеќе од 20 објекти, а во процедура се и други извршни решенија по кои општината ќе постапува во наредниот период.

— реклама —

Предмет на отстранување се објектите кај кои е утврдено дека, и покрај немање Одобрение за поставување урбана опрема од Град Скопје, истите ја поставиле опремата и направиле тераси со кои бесправно узурпирале јавен простор.

На листата објекти кај кои Општина Центар во изминатиов периодутврдила нерегуларности и согласно тоа следува отстранување на терасите се: Ресторан Гурмет, Кафе бар Паладиум, Кафе бар Кофи Фектори, Гостилница Сушико, Гостилница Лантерн, Ресторан Барака, Кафе Бар Броз Кафе, Гостилница Фрути ди Маре, Кафе Бар Деус, Бистро Правда, Кафе бар Нано бар, Гостилница Бруклински, Гостилница Булевар, Кафе Бар Винил, Кафе бар Џус Бар, Кафе бар локал 45 и Гостилница Сквер.

— реклама —

Инаку, споменатите објекти по доставено барање до Град Скопје за вршење дејност надвор од својот деловен простор и поставување урбана опрема добиле официјално Решение од Градот со кое нивното барање се одбива. Но и покрај тоа, тие постапиле спротивно од Решението.

Согласно процедурата, иснпекциските служби на Општина Центар по извршениот увид, му издаваат на инвеститорот Решение за отстранување на што претходи определен законски рок и можност инвеститорот сам да постапи по Решението. Доколку инвеститорот не го стори тоа, општината со полициска асистенција, ќе го отстрани нелегалниот дел.

фото: Стандард МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања