„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Општина Центар издаде решенија за преземање мерки на два угостителски објекти поради бучава од гласна музика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
bucava

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар од почетокот на јули започна со акција за мерење на бучавата од гласна музика на угостителските објекти кои се наоѓаат на територија на општината.

— реклама —

Изминатите два викенди овластените инспектори за животна средина беа на терен и заедно со претставници на овластена лабораторија за мерење на бучавата, вршеа засилени контроли во угостителските објекти.

По извршените мерења, констатирани се повисоки вредности од максимално дозволените гранични во ноќен период, по 23:00 часот, а на два локали, (Мош и Макка), им се издадени Решенија за преземање мерки за намалување на вредноста на имисионото ниво на бучавата во животната средина.

— реклама —

Општина Центар апелира до сите управители и сопственици на угостителски објект во Општина Центар, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.

Во спротивно, за сите измерени надминувања на граничните вредности на бучава, ќе се преземат законски пропишаните мерки и ќе бидат изречен поригорозни санкции, во согласност со Законот за заштита од бучава во животна средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања