Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Општина Центар ќе ги реконструира детските игралишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Општина Центар започнува акција за реконструкција на детските игралишта на нејзина територија.

Вчера, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со општинските служби, направија кратка обиколка и извршија увид во состојбата на постоечките игралишта. Активностите за реконструкција ќе ги опфатат детските игралишта кај поранешна „Агромеханика“, Градски ѕид Блок 9, игралиштето кај „Трготекстил“, ООУ „Гоце Делчев“ и сите останати кај кои ќе се утврдат поголеми оштетувања. ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ ќе добие ново детско игралиште, а на барање на граѓаните, се разгледува можноста за отворање на уште еден влез, кој ќе води до мини-парк во училишниот двор.

— реклама —
— реклама —

„Излезени сме на терен со цел на лице место да се увериме во состојбата со детските игралишта. Од она што досега го видовме, одредени игралишта навистина се во лоша состојба и имаат потреба од реконструкција. Општината веќе има обезбедено средства за оваа намена и во најбрз можен рок ќе ги замениме оштетените реквизити со нови и поквалитетни“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

— реклама —

Општина Центар апелира до сите жители одговорно да се однесуваат кон детските игралишта, да ги користат совесно и да не ги уништуваат реквизитите. Детските игралишта се јавни добра за сите граѓани и како такви, мора да бидеме одговорни и да не ги уништуваме и оштетуваме.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања