„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Општина Ѓорче Петров ги засилува безбедносните мерки во сообраќајот: поставени нови столбчиња и пешачки премини, следуваат успорувачи на брзина пред училиштата и градинките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
postavuvanje-stolbcnja

Општина Ѓорче Петров продолжува со сериозни напори за зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено на критични точки во населените места. Во изминатите денови, општината постави безбедносни столбчиња на најризичните локации во населбата, со цел да се намали опасноста од несреќи, како и да се подобри протокот на возила и пешаци.

— реклама —

Овие столбчиња имаат за цел да го спречат нелегалното паркирање на возила и да создадат безбедна зона за пешаците, посебно на оние места каде што има интензивен сообраќај.

Во исто време, се изврши и бележење на пешачките премини на повеќе локации низ општината, што е од особена важност за безбедноста на пешаците, особено на местата каде што децата, учениците и родителите се најчесто присутни. Одбележувањето на овие премини ја зголемува видливоста и ја намалува можноста за несреќи со возила, велат од општина Ѓорче Петров.

— реклама —

Во наредните денови, општината ќе продолжи со уште една значајна мерка – поставување на т.н. „легнати полицајци“ или успорувачи на брзина на локации со голема фреквенција на луѓе. Овие т.н.„легнати полицајци“ ќе бидат поставени пред училиштата, градинките и на други фреквентни локации во општината.

Оваа мерка има за цел да го намали брзото возење и да обезбеди поголема безбедност за најмладите и сите граѓани кои се движат низ овие делови од населбата.

Општина Ѓорче Петров во континуитет работи на подобрување на инфраструктурата и безбедноста на своите жители, вложувајќи во мерки кои ќе ја зголемат сигурноста на сите учесници во сообраќајот. Овие нови мерки се само дел од пошироките напори за создавање на побезбедни и поудобни услови за живеење.

Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат новите сообраќајни правила и да се грижат за својата безбедност и безбедноста на другите, се додава во соопштението на општина Ѓорче Петров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

prvacinja

Општина Ѓорче Петров со ранци и учебници за сите првачиња

Скопје | пред 4 месеци

rascistuvanje-na-sneg-1

Eкипите на општина Ѓорче Петров на терен од рано утро

Скопје | пред 1 година

GP

(Видео) Стојкоски: Затекнавме општина во долгови и населени места без инфраструктура, денес Ѓорче Петров расте и се модернизира

Скопје | пред 1 година

senzoren-centar-3

Практична настава за студенти во првиот сензорен центар во Македонија – реализиран во Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања