„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Стојкоски: Затекнавме општина во долгови и населени места без инфраструктура, денес Ѓорче Петров расте и се модернизира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
GP

„Зад нас се три години посветена работа, работа со која создававме дела, работа на проекти кои ја обликуваат иднината на нашата општина и проекти кои ќе останат запаметени за идните генерации. Вашата поддршка беше најголемиот мотив за нашата работа, особено во миговите кога пред нас стоеја најголемите предизвици“, рече Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.

— реклама —

„Ѓорче Петров од општина заглавени во финансиски проблеми, во проекти со затекната нерешена инфраструктура. Денеска е општина која расте и се модернизира, благодарение на заедничкиот труд и домаќинското управување со финансиите.

— реклама —

Во Ѓорче Петров, започнати се и реализирани капитални дела кои остануваат за идните генерации:

Во Стопански Двор започнавме изградбата на новата детска градинка, со сместувачки капацитет од приближно 120 дечиња и најсовремени услови за истите. Успеавме да ги прошириме капацитетите на градинката Детелинка за 100 нови дечиња. Ја отворивме новата градинка Сонце со капацитет од 200 дечиња, што го ставивме во фокус силно предучилишното образование и развојот и потребата за нови капацитети за сместување во градинките.

Во градинката Пампурче го отворивме и првиот сензорен центар за деца во Република Македонија.

Создаваме подобри услови за сите ученици во сите училишта на територијата на општина Ѓорче Петров.

За прв пат се гради спортска сала во подрачното училиште во населбата Хром

А направивме и доградба на две училишта едното во Ново Село и во Хром со којшто овозможивме подобри услови за следење на наставата и максимално останавме посветени на нашиот фокус за едносменско работење во сите училишта во Ѓорче Петров.

Во Ѓорче Петров се гради и првиот социјален клуб во земјата наменет за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар.

Пред една година ја отворивме и новата општинска зграда што значи конечно централизирани услуги и подостапен систем за граѓаните на едно место.

Решаваме комунални проблеми на цела територија на општината Ѓорче Петров, го решивме и деценискиот проблем со водоснабдувањето на село Кучково и изградивме целосно нов систем на водоснабдување.

Кучково доби и партерно уредување и нов рекреативен центар кој претставува убавина не само за Ѓорче, туку и за жителите на градот Скопје.

Населените места во Ѓорче Петров интензивно добиваат нови фекални канализациони мрежи и амтосферски канализациони мрежи.

Големиот проект за реконструкција на улицата Радушка опфати поставување на 2400 метри нова канализациона, фекална и атмосферска мрежа, а во завршна фаза изведба на последната трета фаза од реконструкција на коловозот со што Ѓорче Петров ќе добие нова улица како главна артерија во срцето на општината.

Поставена е и нова атмосферска канализација на улиците Манчу Матак и Волковска.

А со проектот „Ѓорче Петров без кал“, само засега опфативме над 80 улици во Ѓорче Петров, што означува и најголем инвестициски циклус во историјата на општината“, изјави Александар Стојкоски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

prvacinja

Општина Ѓорче Петров со ранци и учебници за сите првачиња

Скопје | пред 4 месеци

rascistuvanje-na-sneg-1

Eкипите на општина Ѓорче Петров на терен од рано утро

Скопје | пред 1 година

postavuvanje-stolbcnja

Општина Ѓорче Петров ги засилува безбедносните мерки во сообраќајот: поставени нови столбчиња и пешачки премини, следуваат успорувачи на брзина пред училиштата и градинките

Скопје | пред 1 година

senzoren-centar-3

Практична настава за студенти во првиот сензорен центар во Македонија – реализиран во Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања