Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Општина Кисела Вода од 326 домаќинства собра над 60 тони кабаст отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
120377304_168968318222214_1322109972589320781_o

Општина Кисела Вода од 15 септември, од почетокот на активностите за собирање стар мебел и електронски уреди, досега од 326 домаќинства собра над 60 тони кабаст отпад.

Бесплатната услуга за собирање и транспорт на отпадот, од домовите на граѓаните со општинските возила ја вршеа 30 работници, ангажирани од Општината. Активностите за собирање на отпад од домаќинствата ќе завршат утре и според планот ќе продолжат да се одвиваат следната година.

— реклама —

— реклама —

Благодарност до граѓаните за почитувањето на повикот, отпадот да го одложуваат на површини на кои не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и возачите.

— реклама —

Со цел да имаме чисти јавни површини, паркови, детски и спортски игралишта, Општина Кисела Вода повторно замолува за правилно одложување на отпадот, а со тоа и за почитување на Законот за јавна чистота. Општината верува дека заеднички со граѓаните ќе продолжи да создава почиста животна средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања