Општина Кисела Вода во паркот „Шопен“ и по должината на трим патеката сади дрва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
DSC4533

Денеска Општина Кисела Вода на својата територија започна со активности за садење на повеќе зимзелени, листопадни и украсни садници.

— реклама —

— реклама —

Градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот, Дарко Филиповски, со садење на неколку дрва го означиња почетокот на акцијата за зазеленување и намалување на аерозагадувањето.

— реклама —

Дрва се садат во паркот „Шопен“ и по должината на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги. По ова, активностите за садење дрва ќе продолжат да се одвиваат и во урбаната заедница „Расадник“ и на улицата „Сердарот“, во селото Драчево.

Садниците се донација од докажаната опшествено одговорна компанија „Цементарница Усје“.

Општина Кисела Вода на „Цементарница Усје“ и упатува благодарност за донацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања