Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Општина Куманово во преговори за 2.000 вработувања во „Дрекслер Маер“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
maksim-dimitrievski-43

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и германската амбасадорка Анке Гизеле Холштајн денеска по работната средба го посетија производниот капацитет на компанијата од автомобилска индустрија „Дрекслер Маер груп“ во индустриската зона Новини и Речица.

— реклама —

Во изјава за медиуми, Димитриевски информираше дека како општина се во преговори со менаџментот на оваа компанија за отворање на дополнителен капацитет во којшто би имале можност во следниот период од две години да се вработат повеќе од 2000 сограѓани.

— реклама —
— реклама —

„Приоритет за општина Куманово, но и мене како градоначалник е да се развива локалната економија и да се дадат еднакви можности за инвестиција како на странските, така и на натамошните инвеститори. Со амбасадорката разговаравме на повеќе отворени теми. Напрвин, соработката на општина Куманово со амбасадата е на исклучително високо ниво. Ја користам оваа пригода да се заблагодарам и на амбасадорката, но и на претставници на амбасадата и секако на граѓаните на Германија за последната донација којашто ја добивме во време на корона-кризата на нашата градска болница. Денеска потврдивме дека таа соработка ќе продолжи. Општина Куманово е секогаш отворена за соработка со сите амбасади, но особено ни е драго што со германската амбасада имаме едно високо ниво на разбирање и соработка. Разговаравме на поголем број теми и за нас приоритет е локалниот економски развој и развојот на економијата во градот и нашата индустриска зона Новини и Речица“, рече Димитриевски.

— реклама —

Германската амбасадорка Холштајн му честиташе за новиот мандат на Димитриевски и му посака успех за наредните четири години во менаџирањето на општината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања