Промени тема
Контакт

Општина Охрид објави конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
ohrid

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува

КОНКУРС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ

Со цел стимулирање на социјалната интеграција на невработените лица и подобрување на нивните квалификации за идно вработување, општина Охрид согласно Годишната програма на одделението за локален економски развој за 2023 година, во која се предвидени: “Активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на труд”, распишува конкурс за спроведување на бесплатни курсеви за:

– водоинсталатер;

– монтер на опрема за греење и ладење;

— реклама —

– болничари;

– фризери;

– кројач на женска/машка облека

– монтер на насконапонски инсталации

— реклама —

– дактилографија на компјутер

I. Услови за доделување бесплатен курс

Предност за пријавување за овие курсеви имаат невработените лица, но и вработени кои сакаат да се докфалификуваат и прекфалификуваат.

Курсевите ќе започнат доколку се оформи група од најмалку 15 пријавени учесници. Општина Охрид го задржува правото некој од курсевите да не се реализира доколку нема заинтересираност.

Изборот на учесниците ќе биде по принципот “Прв дојден, прв услужен”.

— реклама —

II. Начин на пријавување

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да ги пополнат потребните обрасци поставени на интернет страната www.ohrid.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да достават и :

Изјава за лични податоци;

— реклама —

Изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не посетува таков курс од друга институција или фирма.

Пријавените учесници треба да имаат завршено средно образование.

III. Рок на пријавување

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најдоцна 10 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев” Oхрид, ул.Туристичка бр. 79 – Охрид, во затворен коверт со назнака „Конкурс за пријавување на кандидати за бесплатни курсеви” или во Архивата на ОЈУ ОГУ за доживотно учење “ Кузман Шапкарев”секој работен ден од 08 до 14 часот, тел. за контакт 078/619-742.

Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања