Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Општините имаат до 5 пати повисоки сметки за струја, а владата ги намалува дотациите, поразени беа на избори и затоа спроведуваат систематско уништување на општините, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
274070854_502198351262096_2037882220863491264_n

Сметките за струја на општините се 4 до 5 пати повисоки, а во услови на енергетска криза власта за прв пат ги намали дотациите кон општините и тоа е јасно затоа што беа поразени на изборите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на Општина Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарско прашање за системското уништување на општините од страна на централната власт.

— реклама —

- Градоначалникот на општина Ѓорче Петров кажа само еден дел, а тоа е дека сметките за струја се многу повисоки од тие досега, односно за 4 до 5 пати повисоки. Енергетската криза е од минатата година кога се подготвуваше буџетот. Сериозна влада, која мисли на народот, знае дека ќе се случува енергетска криза и наместо истата да ја злоупотребуваат за договори во 4 очи во РЕК Битола, а провизиите да завршуваат во се подебели куферчиња кај фамилијата требаше да води сметка како да ги зголеми дотациите во општините до буџетот рече Мицкоски.

— реклама —
— реклама —

Мицкоски појасни дека од 2018 до 2021 година дотациите од централниот буџет до секоја општина растеле секоја година дури и има и една година со 34 милиони, а оваа година се помали и тоа од 316 на 312 милиони евра во услови на енергетска криза, ковид пандемија, економска криза.

— реклама —

- Јасно тоа е зошто е така, затоа што народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го порази овој корумпиран и трул режим на СДСМ и ДУИ. Тоа ќе продолжи ние не очекуваме дека Бесими, Груби и Битиќи, Османи, Ахмети и администраторот Ковачевски ќе имаат разбирање за општините и за народот на Македонија, но ќе се бориме и ќе ги победиме, а потоа ќе има одговорност, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања