Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Општинската организација на Црвен Крст Охрид е добитник на највисокото признание за 2022 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
Crven_Krst_17102022003

Денес во големата сала на Општина Охрид, се одржа свеченост, на која Општинската организација на Црвен Крст Охрид, го доби признанието за најуспешна во годинешната програма “Црвен Крст во акција – промоција на хумани вредности“ ( ЦКА-ПХВ).

— реклама —

Пред присутните граѓани и гости, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

– Денешната свеченост е убав повод уште еднаш да се потсетиме на највредното што го поседуваме – хуманоста, човекољубието, солидарноста, како највредни карактеристики што треба и мора да ги имаме и да ги споделуваме за добробит на целата заедница. Општинската Организација на Црвен Крст Охрид, веќе не навикна, постојано да сме сведоци на нивните врвни достигнувања во промовирањето и реализација на хуманите проекти.

— реклама —

Со завршувањето на овогодишниот циклус на програмата “Црвен крст во акција –Промоција на хумании вредности“, Општинската организација на Црвен Крст Охрид е најдобра во Македонија, што го покажува и највиското признание – Златен пехар за најуспешно спроведени проекти.

— реклама —

Најискрени честитки за Црвен Крст Охрид. Дозволете сепак, посебно да ги издвојам младите волонтери и од се срце да им упатам честитки за нивната посветеност, инвентивност, пожртвуваност и хуманизам. Секоја чест за вас драги мои млади сограѓани. Ви сте пример за хуманизам без граници, посветеност без заддршка и безусловна љубов. Се надевам дека вашиот пример ќе го следат се повеќе ваши млади пријатели, а Црвениот Крст од Охрид ќе биде уште поуспешен во спроведувањето на својата хумана мисија.

Почитувани присутни, Општина Охрид секогаш имала одлични односи со Црвениот Крст. Ве уверувам дека така ќе биде и во иднина. Зошто за нас најголема вредност е човекот, а преку работата на Црвениот Крст најнепосредно допираме до основните хумани, социјални и културни потреби на нашите граѓани. Уште еднаш упатувам искрени честитки за остварениот успех и ви посакувам плодотворна работа и во иднина истакна во своето обраќање Пецаков.

— реклама —

Во продолжение на програмата беа презентирани четирите наградени проекти, со кои младите волонтери на Црвен крст Охрид, по четврти пат го освоија пехарот на програмата ЦКА-ПХВ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryem5o17ipp3992AC1wUa

„Доста страв, доста молк“ – Охрид крена глас против насилството врз жените

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryejbjkbqsdssb7iWOZzl

За смртта на Кристијан Љушев во Охрид ќе одговараат две фирми и две лица, оти го држеле “на црно” и без никаква заштита на работа

Македонија | пред 3 дена

media-libraryeidtp7m4fhvr0UnwawM

Запленети 100 метри рибарски мрежи со 239 парчиња риба во Охридското Езеро

Македонија | пред 5 дена

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Охриѓанец возел мртов пијан и предизвикал сообраќајка, полицијата му го одзеде автомобилот

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања