ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Орбан: Груевски е мој сојузник, зад неговиот прогон стои Сорос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Организацијата на Џорџ Сорос стои зад прогонот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за радиото „Кошут“.

— реклама —

Според Орбан, било нормално Будимпешта да му помогне на поранешниот македонски премиер бидејќи тој многу помогнал Унгарија да се одбрани од напливот на мигранти.

– Станува збор за поранешен лидер на блиска земја, земја која имаше клучна улога за справување со нелегалната миграција. Без таа помош ќе беше многу потешко да се одбранат унгарските граници, Човек треба чесно да се однесува кон своите сојузници, рече Орбан, потенцирајќи дека тој и Груевски биле сојузници.

— реклама —

Како што посочи, Унгарија веќе 30 години функционира како демократија, и ова не е прв пат да прима важни луѓе, но претходните случаи немале тежина како тој на Груевски.

Истакна дека унгарските власти ќе ја гарантираат безбедноста на Груевски, кој како што вели, во Македонија се соочува со комплицирани битки.

Прашан за барањето од Македонија за екстрадиција, Орбан рече дека Унгарија ќе обезбеди праведен третман на Груевски, а Владата нема да се меша во правните процедури што ги водат надлежните орани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања