Промени тема
Контакт

Орбан се сретна со Трамп. „Мораме заедно да ги браниме САД и Европа од либералите“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет

Виктор Орбан денеска на Флорида се среќава со својот „добар пријател“ Доналд Трамп, пренесува АФП, додавајќи дека унгарскиот премиер е еден од ретките европски лидери кои посакуваат негова победа на претседателските избори во САД на крајот на годината.

Состанокот, кој треба да се одржи во луксузната резиденција на Трамп, Мар-а-Лаго, има за цел „зајакнување на дипломатските и стратешките односи меѓу Трамп и САД“, напиша портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач на Х. АФП пишува дека Орбан се однесува како Трамп веќе да е во Белата куќа.

— реклама —

„Нема потреба од коцкање, обложувањето на враќањето на претседателот Доналд Трамп е единствениот разумен пристап за Унгарија“, рече Орбан претходно оваа недела во говорот во унгарската трговска и индустриска комора.

„Трамп може да стави крај на војната во Украина“

— реклама —

Војната во Украина секако ќе биде една од темите на разговор за која има договор меѓу двајцата. Орбан е цврсто убеден дека Трамп може да стави крај на таа војна и да донесе мир во Европа.

„Се надеваме дека актуелниот претседател ќе замине и дека претседателот Трамп ќе се врати и ќе има одврзани раце да постигне мир (во Украина), рече Орбан на 23 февруари.

Орбан одби да испрати оружје во Украина за да и помогне во борбата против руската инвазија и ги критикуваше западните санкции против Русија. Тој постојано повикуваше на прекин на огнот во Украина за да се стави крај на војната. Убеден дека Киев не може да победи во оваа војна, Орбан постојано повикува на примирје.

— реклама —

„Мораме заедно да ги браниме САД и Европа од либералите“

Трамп, речиси сигурен кандидат за републиканска претседателска номинација, побара од републиканците во Конгресот да ја блокираат американската воена помош од 60 милијарди долари за Украина.

— реклама —

Трамп особено го фали Орбан како „голем лидер“ кој е подготвен да ја брани својата земја од илегалната миграција.

Орбан рече дека следните претседателски избори во САД оваа година и гласањето за Европскиот парламент во јуни ќе бидат клучни бидејќи конзервативците во Европа и САД мора да се борат заедно за да ги „повратат“ институциите во Вашингтон и Брисел од либералите кои, рече Орбан , тие ја загрозуваат западната цивилизација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.21

Трамп: „Одбивме да ѝ испратиме оружје на Украина бидејќи не може да го користи“

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-librarycak8udcnlp4o9DsKbLB

Трамп избегна директно да го поддржи Нетанјаху пред изборите во Израел

Свет | пред 9 часа

media-librarysvffc27oj6didpTXe7P

Калифорнија и уште шест сојузни држави ја тужат администрацијата на Трамп поради кратење на одобрените средства

Свет | пред 14 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Моди и Трамп разговараа за нов трговски договор меѓу Индија и САД

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања