„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Орце Ѓорѓиевски едногласно реизбран за претседател на ЗЕЛС, Меџити и Герасимовски се потпретседатели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library1p33sv5c36gv8ABdViU

Со едногласна одлука на Генералното собрание, Орце Ѓорѓиевски повторно е избран за претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС).

— реклама —

Ѓорѓиевски им се заблагодари на членовите на Управниот одбор за укажаната доверба, како и на новоизбраните потпретседатели – Изет Меџити и Горан Герасимовски, нагласувајќи дека пред ЗЕЛС е мандат со значајни реформи и јасна визија за унапредување на локалната самоуправа.

Тој посочи дека оптимизмот за успешен мандат се темели на неколку клучни фактори. Како прво, истакна дека годинава се одбележуваат 20 години од започнувањето на процесот на децентрализација, период во кој локалната власт созреала и се профилирале јасни приоритети за понатамошни реформи.

— реклама —

Вториот аргумент, според Ѓорѓиевски, е човечкиот и институционалниот капацитет на општините, со оглед дека повеќе од половината градоначалници имаат најмалку еден мандат зад себе, а дел и долгогодишно искуство во локалното управување.

Како трет значаен елемент го наведе искуството од енергетската криза, кое, според него, покажало дека кога општините настапуваат обединето преку ЗЕЛС, можат да се справат и со најсериозните предизвици.

Ѓорѓиевски нагласи и дека за разлика од минатото, денес постои јасна поддршка и партнерски однос со Владата и премиерот Христијан Мицкоски, што, како што рече, резултирало со ревидиран Меморандум за соработка и забележлив инфраструктурен развој во општините.

Тој додаде дека ЗЕЛС останува стабилна и инклузивна платформа во која сите општини настапуваат рамноправно, без оглед на политичката, етничката или верската припадност. Преку документот „Систематизирани ставови на ЗЕЛС“ и новата Стратегија за периодот 2026–2030 година, јасно се дефинираат приоритетите во дијалогот со централната власт.

Меѓу конкретните резултати, Ѓорѓиевски го издвои учеството на ЗЕЛС во подготовката на измените на Законот за локална самоуправа, при што било прифатено и долгогодишното барање за воспоставување општинска комунална полиција.

Во наредниот период, како што најави, фокусот ќе биде ставен на продлабочување на децентрализацијата, особено во областа на социјалната заштита, како и на обезбедување поголема финансиска стабилност на општините. Тоа ќе вклучува зголемување на уделот на општините во јавните приходи, подобра наплата на сопствените извори и понатамошен развој на електронските услуги.

„Пред нас стојат многу важни прашања, но со заеднички пристап и јасна визија можеме да постигнеме конкретни резултати“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

protivpozarno-vozilo

Пожарникарските служби пред колапс: мал број кадар, дотраена опрема, несоодветни донации

Македонија | пред 6 месеци

proekti

Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на премиерот Мицкоски: „Најголемата поддршка за општините од централната власт“

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-12.15.47

Ако градоначалниците се отповикуваат на референдум, тогаш нема да се случува ова што го имаме во Град Скопје, вели Ѓорѓиевски

Македонија | пред 1 година

orce-gj-zels-1

Ѓорѓиевски: Европските практики забрзано ќе се имплементираат, но блокадите се нерационални

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања